Спенсер Тјуник овој пат соблече над 1800 мажи и жени на фудбалскиот стадион Ернст-Хапел во Виена, за да му позираат за фото-сесијата посветена на Европското првенство. Погледнете!
Доброволците се дел од проектот на Спенсер Тјуник насловен „Уметничко дело со 1.000 топки“, а позираа со илјада фудбалски топки на стадионот каде е планирано да се одигра финалето на претстојното Европско фудбалско првенство.
Фотографиите ќе бидат изложени во виенската Кунстхале, институцијата која е главен иницијатор и покровител на овој несекојдневен настан.
Иако авторот бараше 2008 луѓе, за симболиката да биде целосна, задоволен е со бројот на доброволците, кои бесплатно ќе добијат потпишана фотографија, а која инаку ќе се продава по цена од 100 евра.
Американскиот фотограф е познат по своите снимања на голи луѓе на разни локации низ светот.
Видеото е со експлицитни сцени (16+)