Спенсер Тјуник овој пат соблече над 1800 мажи и жени на фудбалскиот стадион Ернст-Хапел во Виена, за да му позираат за фото-сесијата посветена на Европското првенство. Погледнете!
Доброволците се дел од проектот на Спенсер Тјуник насловен „Уметничко дело со 1.000 топки“, а позираа со илјада фудбалски топки на стадионот каде е планирано да се одигра финалето на претстојното Европско фудбалско првенство.
Фотографиите ќе бидат изложени во виенската Кунстхале, институцијата која е главен иницијатор и покровител на овој несекојдневен настан.
Иако авторот бараше 2008 луѓе, за симболиката да биде целосна, задоволен е со бројот на доброволците, кои бесплатно ќе добијат потпишана фотографија, а која инаку ќе се продава по цена од 100 евра.
Американскиот фотограф е познат по своите снимања на голи луѓе на разни локации низ светот.
Ја декласиравме Португалија Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул? Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.