Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Силјан Штркот во Сараево

Елизабета Клинчаревска-Ели

Театарската трупа “Сенки и облаци” од Скопје во периодот од 13 до 18 мај ке гостува на деветтиот Интернационален Театарски фестивал “Лут Фест” во Сараево.

Тие ке се претстават со “Силјан Штркот”, претстава направена по мотивите на народната приказна запишана од Марко Цепенков. Тексот во претставата е осовременет, адаптиран, а со тоа и поблизок и поразбирлив и за најмладата популација.

Формата и изразот се исклучително интересни бидејќи се работи за театар на сенки. Оваа специфична театарска форма заслужува посебно внимание, затоа што после многу години оваа трупа ја обновува на најдобар можен начин со користење на нови изразни средства и богат колорит во однос на позадините и комплетната сценографија.

Музиката која е специјално направена за оваа претстава, одлично ја следи нарацијата и дијалозите и како поткрепа на визуелниот дел многу помага во целосното доживување.

Автори и изведувачи на оваа претстава се актерите Круме Стефановски, Елизабета Клинчаревска-Ели и Сања П. Миланова.

Домашната публика ќе може да ја види оваа престава во рамките на Баскерфест, уличниот фестивал во Скопје кој ќе се одржи од 31 мај до 8 јуни. Со ова публиката ќе има можност да влезе во царството на сенките и целосно да ужива.

12.05.2008



Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!