logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Тадиќ победи – но дали доволно?

Коалицијата од Тадиќ освои 38.7 посто од гласовите, радикалите на Шешељ скоро 30 проценти, Коштуница 11,3. На изборите излегоа 61 посто од избирачкото тело. Коалицијата „За Европска Србија“ предводена од Демократската партија на српскиот претседател Борис Тадиќ победи на предвремените парламентарни избор во Србија. Последните резултати на Републичката изборна комисија покажаа дека од изработените 85 отсто од гласовите, коалицијата од Тадиќ, освои 38 отсто или 103 пратенички места, а Радикалната партија на Србија освои 29,1 отсто од гласовите или 77 пратеници. Демократската партија на Србија на поранешниот премиер Воислав Коштуница освои 11,3 отсто или 30 пратеници, Социјалистичката партија освои 8,3 отсто или 21 пратенички места и Либерално демократската партија освои 5,2 отсто или 13 пратеници. За добивање на мнозинството во српскиот парламент потребни се 126 пратенички места, кои Тадиќ ќе се обиде да ги добие од другите помали партии. „Дефинитивно е јасно дека Листата за европска Србија однесе уверлива победа“, посочи Тадиќ и додаде дека неговата коалиција ќе биде клучен фактор во новата влада. Заменикот претседател на радикалите Томислав Николиќ оцени дека Тадиќ со заканите дека нема да дозволи постизборна коалиција во која нема да биде неговата Демократска партија грубо го прекршил уставот. Николиќ, притоа, наговести и граѓански немири. Тој рече дека е „многу изгледна“ владеjачка коалиција без Демократската партија и повтори дека радикалите се подготвени за договор со коалицијата на Коштуница и Илиќ. Коштуница изјави дека неговата коалиција нема да се откаже од политичките и државните принципи што ги застапуваше во кампањата и укажува дека разликите со коалицијата на Тадиќ се непремостливи. Европската унија, во првата реакција на резултатите од парламентарните избори во Србија „топло ја поздрави јасната победа на проевропските сили“

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3335