Миша Бартон вели дека некој си поиграл со нејзините неодамна објавени фотографии. Актерката е запрепастена од злобата на папараците.
„Тие фотографии се преработени. Не велам дека таа е совршена, никој не е, но сигурно нозете на 22-годишничка не изгледаат како од 80-годишна жена. Па на другите фотографии, објавени некое време претходно, нема целулит. Не може толку целулит да добие за само неколку недели. Знаете и сами дека фотошоп прави чуда“, вели
Лиза Перкинс, нејзиниот портпарол.
Таа го прозива папарацото
Џејми Фосет и го нарекува ’паразит’ кој има цел да ја оцрни секси актерката, бидејќи претходно
Миша го прозвала затоа што ја сликал топлес.
„Не ми паѓа на ум да барам публицитет со тоа што ќе ја срамам со нејзината голотија или здравствените проблеми или какви било проблеми поврзани за изгледот на нејзиното тело, вели Џејми Фосет.