Миша Бартон вели дека некој си поиграл со нејзините неодамна објавени фотографии. Актерката е запрепастена од злобата на папараците.
„Тие фотографии се преработени. Не велам дека таа е совршена, никој не е, но сигурно нозете на 22-годишничка не изгледаат како од 80-годишна жена. Па на другите фотографии, објавени некое време претходно, нема целулит. Не може толку целулит да добие за само неколку недели. Знаете и сами дека фотошоп прави чуда“, вели Лиза Перкинс, нејзиниот портпарол.
Таа го прозива папарацото Џејми Фосет и го нарекува ’паразит’ кој има цел да ја оцрни секси актерката, бидејќи претходно Миша го прозвала затоа што ја сликал топлес.
„Не ми паѓа на ум да барам публицитет со тоа што ќе ја срамам со нејзината голотија или здравствените проблеми или какви било проблеми поврзани за изгледот на нејзиното тело, вели Џејми Фосет.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.