Сер Алекс Фергусон запиша уште една титула на неговото конто. Неговиот Манчестер Јунајтед со победата од 2:0 над Виган, не остави ништо на случајот. За трофејот да биде ’чист’, се погрижи Болтон кој го изненади Челзи.
Со победата од 2:0 над Виган, екипата на Манчестер Јунајтед освои нова титула во англиската Премиерлига со два бода повеќе од второпласираниот Челзи.
Сосема заслужено тимот на Алекс Фергусон ја одбрани титулата во Англија. Овогодинешниот славенички пат заврши денес на Џеј-Џеј-Би стадионот во Виган. Првиот гол беше постигнат во 33 минута кога од белата точка прецизен беше Роналдо, а манчестеровата 17 титула ја завери Рајан Гигс со гол во 82 минута од натпреварот.
И додека ова е десета шампионска титула под водство на Сер Алекс Фергусон, Ѓаволите сега се наоѓаат на само една титула зад Ливерпул кој беше шампион на Англија 18 пати, а сега заврши на четвртата позиција.
Одличната сезона Манчестер ќе се обиде да ја затвори за десет дена во финалето од Лигата на шампионите каде ќе се сретне со ривалот Челзи.
Токму сините од Лондон беа единствената екипа која би можела да ги спречи ѓаволите да ја одбранат титулата, но на избраниците на Аврам Грант сепак тоа не им појде од рака. Во денешниот натпревар против Болтон тие успеаа да одиграат само 1:1 и да му овозможат ’чиста’ титула на Манчестер кој се најде на два бода пред Челзи.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.