logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Фото: Џенифер Анистон со ново момче?

Џенифер Анистон и пејачот Џон Мајер фатени се како уживаат во еден базен на Мајами. Ќе значи ли тоа дека актерката конечно го пронајде нејзиниот принц? Холивудската ѕвезда моментално е во Мајами, каде што снима нов филм. Слободното време го поминува во хотелскиот базен, капејќи и сончајќи се.
Да не и е досадно се грижи пејачот Џон Мајер. Заедно со Џенифер уживаат под топлото сонце. И двајцата изгледаат пресреќно, а за тоа сведочат и овие фотографии.
Се наметнува прашањето, дали Џенифер конечно го пронајде принцот на бел коњ? Имено, актерката има 39 години и неколку пати јавно изјавуваше дека сака да оформи семејство.
Џенифер тврди дека Џон е најсимпатичниот маж кој некогаш го запознала и нагласила дека е подобар од Бред Пит. Таа е 9 години постара од него, кој како што тврди и дава енергија. Едноставно го обожава неговото младешко однесување.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3323