logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Продолжува грчкото насилство, нов напад врз Македонци

Кумановецот Љ.С.(67) и неговиот син Д.С.(29 при враќање од Грција на патот Кавала - Солун вчера вечер биле нападнати од Грци, соопшти полицијата. Според нивните информации, патот им бил попречен од три патнички моторни возила во кои имало пет грчки државјани. Откако лицата излегле од возилата започнале да ги навредуваат македонските државјани и се обиделе со метална шипка да ја искршат шофершајбната, но откако Љ.С. и неговиот син се спротивставиле, едно лице од групата со метална шипка ја удрило и ја оштетило вратата на ТМВ а останатите лица притоа со употреба на спреј во боја, ги пречкртале сите ознаки и налепници на товарното моторно возило со знакот “МК“ и на приколката на возилото напишале “ГР“ Веднаш потоа кумановецот Љ.С. настанот го пријавил во дојранската полициска станица.
[1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3322