logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Шокантни фотки од Ејми Вајнхаус

Ејми Вајнхаус, рехабилитираната пејачка се појави на шокантни фотографии кои сведочат за нејзиното исушено тело. Младата пејачка сега е коска и кожа! Проблематичната Ејми вчера го помина денот во паркот недалеку од музичкото студио во Лондон. Како и повеќето Британци, и 24-годишната пејачка уживаше во пролетните зраци.
Оскудно облечена, младата ѕвезда ги потврди гласините за нејзиното сериозно нарушено здравје. Телото на Ејми е алармантно слабо и испиено.
Ејми освен со здравјето, има проблеми и со законот. Неодамна, откако се појави видеото кое можевте да го видите на Таратур каде што пуши крек, Ејми беше обвинета и за поседување на дрога. Освен тоа, и пред еден месец беше уапсена за нарушување на јавниот ред во источен Лондон.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3321