Страшно го нервираат млади ѕвезди со едно чудо пари кои се уверени во сопствениот талент, како Парис Хилтон на пример. Истовремено огорчен е заради пропаста на неговиот најнов филм „Валкана игра“.
Џорџ Клуни веројатно ќе го навлече гневот од
Парис Хилтон која ја обвини за недостиг на талент. Им порача на обожавателите да не го мешаат успехот со талентот.
Оскаровецот вели дека има многу млади ѕвезди кои се уверени дека се добри глумци само затоа што имаат главни улоги и заработуваат многу пари.
„Смешни работи се случуваат кога си млад актер. Постигнуваш финансиски успех и добиваш работи без разлика дали си добар во тоа или не. Тоа секогаш се случува. Затоа е тука Парис Хилтон“, изјавил Клуни во интервјуто за Rolling Stone додавајќи дека сега сигурно ќе си има проблем со Парис.
Од друга страна и сам почувствува како и покрај целиот талент може да доживее фијаско.
Неговиот последен филм "Dirty game", ја разочара критиката, а и публиката. Еден месец по премиерата, филмот за почетоците на американскиот фудбал (рагби) заработи само 36 милиони долари, 22 помалку од вложените 58 милиони.
„Тоа е вистинско фијаско и ни малку не е пријатно. На филмот работев неколку години и вложив многу труд, така што тоа ме дотепа“.
Сепак Клуни не се предава толку лесно: Трикот е во тоа како се носиш со неуспехот. Лесно е кога се оди како што треба. Најмногу им се восхитувам на луѓето кои не ги потресува веста дека резултатите им се под очекувањата.