Најнова Фотка
ФРЧКО

Бесната Дани Миног го љуби Хамилтон


Ф1 хитот од минатата сезона ја запозна помладата сестра на Кајли Миног на ГН на Австралија. И веднаш се разгорела љубов. Австралијката склона на скандали можеби сепак ќе се смири со 13 години помладото момче.

Ако сезонава на патеките и не му тргна баш како што очекуваше Луис Хамилтон не треба да се грижи за успех кај спротивниот пол. Оние кои подобро го познаваат возачот на Мекларен тврдат дека секогаш имал добар вкус.


Шармантниот 23-годишен Британец овој пат и го сврте паметот на 13 и пол години постарата Дани Миног, помладата сестра на светски славната пејачка Кајли.



За разлика од мегапопуларната сестра, која со своите песни стекна светска слава, Дани во медиумите најчесто присуствуваше поради разни скандали, меѓу кои најпознатиот беше пред повеќе од две години, кога беше фатена од сигурносните камери во лезбиска акција во еден стриптиз клуб.


„Наскоро треба да дојдам во Монако за да се најдам со мојот Луис“, кратко одговори Дани на прашањето на љубопитните новинари кои сакаа да откријат дали навистина има нешто меѓу нив.


Иако и двајцата официјално немаат потврдено, нема сомнение дека меѓу поранешната ТВ водителка и младиот Ф1 шофер веќе пламна љубовната искра, откако се запознаа пред ГН на Австралија, на 16 март годинава.



Според австралиските таблоиди, од првиот момент меѓу Луис и Дани можела да се осети привлечност. Додека и го покажувал боксот на Мекларен и својот болид, Британецот останал без зборови од знаењето кое го има Австралијката за моќните Ф1 машини.


Тоа и не треба никого да чуди, бидејќи Дани Миног во 1999 беше свршена за канадскиот возач Жак Вилнев, светскиот Ф1 првак од 1997 година. Сега изгледа, се одлучи за многу помлад и најверојатно иден светски шампион.

9.05.2008




Гол на неделата
Спорт
Хилдебранд изоставен од списокот
Хилдебранд изоставен од списокот
Тренерот на германската репрезентација Јоаким Лоу го изостави голманот на Валенсија од списокот на играчи кои ќе настапат на ЕП, а на негово место повикан е фудбалерот од средниот ред Марко Марин кој настапува во втората германска лига.
Роналдињо нема да игра за Бразил
Роналдињо нема да игра за Бразил
Селекторот на бразилската репрезентација Дунга повторно го изостави Роналдињо од списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациите за Светското првенство во 2010 година.
Лам сепак останува во Баерн
Лам сепак останува во Баерн
Германскиот репрезентативец, сепак ќе остане во клубот откако новиот тренер Јирген Клинсман успеал да го наговори да го продолжи договорот до 2012 година.
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Челниците на шпанскиот клуб се согласија да го пуштат легендарниот голман да си побара нов клуб.
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Бразилскиот двоец кој долги години успешно ги бранеше боите на Милан, одлучи да го напушти клубот и да се врати во Бразил.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.

Анкета
Резултати сега!