Шпанскиот весник Periodico de Catalunya, откри дека во понеделникот вечерта Роналдињо во хотелот Кастелдефелс организирал незаборавна проштална забава, каде во еден момент на еуфорија им признал на гостите дека потпишал за Милан.
Забавата траела до раните утрински часови, а добрите познавачи на ваквите ноќни забави во каталонската престолнина тврдат дека ваква журка немало од легендарните забави кои ги организирале кралевите на ноќта во Барселона, кумовите
Ромарио и
Стоичков.
„Роналдињо беше среќен, цело време беше насмеан и на сите им велеше дека тоа е веќе готова работа. Наскоро заминува во Милан“, изјави за весникот бразилскиот имитатор на познати личности
Андре Силва, кој бил присутен на забавата.
Претходно во шпанските медиуми излезе информација дека
Роналдињо има сериозна повреда на мускулите и дека неговата кариера е под знак на прашање, но тоа најверојатно ќе биде само голем трач, судејќи по неговото однесување на забавата кој ја организирал.
Бразилецот е надвор од терените два месеци, но почна да тренира со специјална програма, за да биде спремен за евентуални медицински прегледи во новиот клуб.
Додаваме и дека трансферот во Милан сепак скапо ќе го чини Волшебникот бидејќи ќе мора да го коригира договорот со Најк во вредност од три милиони евра. Имено, во договорот пишува дека доколку Рони премине во некој клуб чиј спонзор не е Најк, ќе добива дури два и пол милиони евра помалку.