logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Келија на Ал Каеда инсталирана на скопски Бит пазар!?

Постои можност во Македонија да има инсталирано терористички ќелии на Ал Каеда. Македонската полиција вчера спровела акција за разоткривање на сомнителни трансфери на пари за финансирање на терористички активности. Како што велат оттаму целата акција била спроведена по добиена информација од страна на една македонска банка, дека во јануари 2007 година, имало сомнителен трансфер на пари. Било утврдено дека на 22 јануари, скопјанецот Бекир Халими, на неговата лична девизна сметка примил 2.115 евра на име плата од кувајтската организација “Ривајвл исламик хертиџ сосајати“. „Оваа организација се наоѓа на црната листа на Обединетите нации“ за организации поврзани со Ал каеда“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Трансферот на парите со сфифт сметка бил направен преку една кувајтска и две германски банки на сметката на македонската банка. Бекир Халими фигурира како потписник во издавачка куќа “Нун ДООЕЛ“. Според оперативните сознанија на МВР, Котевски вели дека тој имал централни улоги во активностите и финансирањето на хуманитарното здружение “Бамиресија“. Полицијата во текот на вчерашниот ден извршила претрес во повеќе простории на хуманитарното здружение на улица “Лазар Илиев“, во просториите за молење на “Петре Ѓорѓиев бр. 63“, во издавачката куќа, во “Нун“на улица “Лазар Танев“, како и во трговското друштво “Р-ориент“ и во студиото “Д и К“ на улица Панче Неделковски. Одземени се финансиска документација и техничка стока, компјутери, лаптопи, две мемориски картички и друго. Запленетите предмети ќе бидат предмет на истрага за докажување на дела перење на пари, финансирање на тероризам, незаконско финансиско работење. Се проверува и поврзаноста со лица организации на меѓународно ниво. Исто така, постои сомневање на Халими уште од една организација примал пари. Годишниот прилив на средства од 2000 година изнесува над 4,5 милиони евра.
[1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3308