logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Маратонско пеглање

Последното истражување покажа дека една просечна жена во животот пегла дури 346 километри, а мажите ниту половина од оваа бројка. Освен мнозинството кои бегаат од пеглата има и такви што уживаат покрај неа. Податоците од студијата која ја спроведе компанијата Тефал покажуваат дека жените во текот на својот живот пеглаат дури 346 километри алишта, додека мажите не успеваат ни половина од тоа, одвај бедни 117 километри. Во текот на својот животен век жените во просек препеглуваат 346 километри материјал, а мажите нешто повеќе од 117, покажаа статистичките податоци. Тоа отприлика би било исто на должината на шест маратони, или во време два дена пеглање годишно. Студијата опфати 3.500 возрасни, а покажа дека 45 проценти од мажите ја избегнуваат оваа работа надевајќи се дека некој друг ќе го направи тоа. Една четвртина признале дека облеката се уште им ја пеглаат мајките. Анкетата покажа дека луѓето во просек пеглаат 20 парчиња облека неделно, вклучувајќи два пара панталони, 15 маици и долна облека. Најдобро време за пеглање, тврдат истражувачите, е околу три часот попладне. Некои велат дека пеглањето им е некој вид терапија за смирување. Една петтина од испитаниците изјавиле дека оваа активност ја користат како изговор да не мораат да ги чуваат децата или да бидат со партнерот. Сепак, повеќе од половина признале дека барем еднаш во животот уништиле некое парче облека поради незнаењето како да го испеглаат.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3306