Најнова Фотка
ФРЧКО

Маратонско пеглање


Последното истражување покажа дека една просечна жена во животот пегла дури 346 километри, а мажите ниту половина од оваа бројка. Освен мнозинството кои бегаат од пеглата има и такви што уживаат покрај неа.

Податоците од студијата која ја спроведе компанијата Тефал покажуваат дека жените во текот на својот живот пеглаат дури 346 километри алишта, додека мажите не успеваат ни половина од тоа, одвај бедни 117 километри.

Во текот на својот животен век жените во просек препеглуваат 346 километри материјал, а мажите нешто повеќе од 117, покажаа статистичките податоци.

Тоа отприлика би било исто на должината на шест маратони, или во време два дена пеглање годишно.

Студијата опфати 3.500 возрасни, а покажа дека 45 проценти од мажите ја избегнуваат оваа работа надевајќи се дека некој друг ќе го направи тоа. Една четвртина признале дека облеката се уште им ја пеглаат мајките.

Анкетата покажа дека луѓето во просек пеглаат 20 парчиња облека неделно, вклучувајќи два пара панталони, 15 маици и долна облека.

Најдобро време за пеглање, тврдат истражувачите, е околу три часот попладне. Некои велат дека пеглањето им е некој вид терапија за смирување. Една петтина од испитаниците изјавиле дека оваа активност ја користат како изговор да не мораат да ги чуваат децата или да бидат со партнерот.

Сепак, повеќе од половина признале дека барем еднаш во животот уништиле некое парче облека поради незнаењето како да го испеглаат.

9.05.2008




Гол на неделата
Спорт
Хилдебранд изоставен од списокот
Хилдебранд изоставен од списокот
Тренерот на германската репрезентација Јоаким Лоу го изостави голманот на Валенсија од списокот на играчи кои ќе настапат на ЕП, а на негово место повикан е фудбалерот од средниот ред Марко Марин кој настапува во втората германска лига.
Роналдињо нема да игра за Бразил
Роналдињо нема да игра за Бразил
Селекторот на бразилската репрезентација Дунга повторно го изостави Роналдињо од списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациите за Светското првенство во 2010 година.
Лам сепак останува во Баерн
Лам сепак останува во Баерн
Германскиот репрезентативец, сепак ќе остане во клубот откако новиот тренер Јирген Клинсман успеал да го наговори да го продолжи договорот до 2012 година.
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Челниците на шпанскиот клуб се согласија да го пуштат легендарниот голман да си побара нов клуб.
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Бразилскиот двоец кој долги години успешно ги бранеше боите на Милан, одлучи да го напушти клубот и да се врати во Бразил.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.

Анкета
Резултати сега!