Најнова Фотка
ФРЧКО

Денот на Европа во Македонија


Денот на Европа, 9. мај, ќе биде одбележан со низа активности во Македонија во организација на Делегацијата на Европската комисија и Секретаријатот за европски прашања во соработка со Европското движење на Македонија.

Евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере посочи дека активностите по повод Денот на Европа оваа година ќе имаат човечка димензија, со цел да го приближат процесот на евроинтеграција до граѓаните.

Оваа година Европската Унија ја прогласи за „Година на меѓукултурен дијалог", како една од најтемелните вредности на ЕУ, со мотото „Не се тие и ние, туку јас и ти“. Главната цел на ЕУ е да се зајакне почитувањето на културната разновидност и коегзистирањето на различните културни идентитети и верувања.

По повод „Денот на Европа“, денеска во Скопје ќе биде одбележан и „Европскиот ден на претприемачот“, во чии што рамки свое обраќање ќе имаат премиерот Никола Груевски, евроамбасадорот Ерван Фуере и градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски.
Активностите за одбележување на Денот на Европа започнаа на 29. април, со отворањето на Европското катче во библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје

На 9. мај 1950 година е направен првиот чекор за создавање на денешната Европска унија, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“.



Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

9.05.2008




Гол на неделата
Спорт
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Бразилскиот двоец кој долги години успешно ги бранеше боите на Милан, одлучи да го напушти клубот и да се врати во Бразил.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.

Анкета
Резултати сега!