На лепливите гуми за џвакање им дојде крајот. Наскоро со пазарот ќе владеат нелепливи мастики, кои добија финансиска поддршка од многу инвеститори кои сонуваат за чисти плоштади.
Британската компанија која разви гума за џвакање која не се лепи и која може лесно да се отстрани од подот, чевлите и облеката успеа да собере повеќе од 12 милиони евра за пласман на својот производ на пазарот.
Овие средства беа собрани од донации на институциски и приватни инвеститори, додека IP Group, со кој од почетокот имаа договор, вложи дополнителни милион евра.
Новата гума за џвакање од Revolymer е резултат од истражувањата на полимерите на Универзитетот во Бристол, каде оваа компанија оформи истражувачка група во 2005 година.
Денешните мастики се направени од синтетички латекс кој е отпорен на вода и е многу леплив, додека во Clean Gum се додава специјален полимер кој ги модифицира нејзините својства и ја прави помалку леплив.