Сахара пред неколку илјади години била влажно тропско подрачје со бујна вегетација во кое живееле носорози, жирафи, слонови и крокодили, а растителниот и животински свет постепено исчезнувале.
Растителниот и животински свет не исчезнал одеднаш од Сахара, како што се мислеше досега, туку овој процес траел подолго, тврди
Штефан Крепелин и неговите колеги од Универзитетот во Келн.
Во времето на „зелената Сахара“, што започнало пред околу 10.500 години и траело до пред 7.300 години, денешната најголема светска пустина била насекаде населена со луѓе, кои со завршувањето на зеленото доба, постепено се селеле на нејзиниот јужен раб.
Стогодишниот процес на природното ширење на пустината бил запрен во последните 20 тина години поради глобалните климатски промени.
На краевите на пустината паѓа се повеќе дожд, а во ненаселената пустина може да се набљудува трендот на повторното појавување на растенијата, велат научниците.