logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Силувано 10-годишно девојче се породи (видео)

Откако пред неколку дена во Ајдахо едно 10-годишно девојче се породи, докторите го пријавија случајот в полиција. Уапсен е илегалниот имигрант Гвадалупе Гутиерез-Хуарез кој се сомничи дека ја силувал. Десетгодишно девојче од САД родило бебе со царски рез откако пред девет месеци ја силувал илегален емигрант. Полицијата не сакаше да го открие идентитетот на девојчето. 37-годишниот Гвадалупе Гутиерез-Хуарез е притворен во Сент Ентони поради сомневање дека извршил силување на 10-годишното девојче. Полицијата не сакаше да открие дали меѓу двајцата имала семејна врска, ниту други подетални информации. Познато е само дека девојчето се породило во болницата Медисон Меморијал во Рексбург. Целиот случај бил пријавен од гинеколошкото одделение, а регионалниот шериф Ралф Дејвис не можел да поверува дека дете од десет години може да роди. Но, докторите велат дека девојчињата се побрзо созреваат, па така бременоста кај толку млади девојчиња не е така невозможна. Гутиерез-Хуарез, сега го чека судењето за бруталното силување, а доколку биде прогласен за виновен може в затвор да остане до крајот на животот.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3301