logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Ферги ќе си ја скршеше ногата

Прошетката по улиците на Њујорк во сензационални и вртоглаво високи потпетици може да биде многу опасен спорт. Прашајте ја пејачката Ферги ако не верувате. Познатата пејачка доживеа непријатен пад, проследен со огромна болка кога излегуваше од ресторанот Waverly Inn во West Village. Таа изгуби рамнотежа на високите потпетици од 12 сантиметри и за малку ќе завршеше на плочникот. Како што можете да видите на фотографијата, за малку ќе си ја скршеше ногата.
Сепак, остана во сигурни раце - нејзиниот телохранител спремно ја дочека и ја спаси од поголеми повреди. Ферги сепак продолжи да оди со неколу рани и модринки на стапалото, но без никакви гребнатинки на лицето.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3290