logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Ева Мендес – префинето разголена

Ева Мендес конечно се соблече на задоволство на бројните фанови ширум светот. Погледнете го едиторијалот наречен Heaven за италијанското издание на магазинот Вог. Во Холивуд се зборува дека Ева Мендес навистина сака да дојде до статусот „водечка латино дива“ и да се истакне пред Џенифер Лопез и Ева Лонгорија кои моментално се најомилените латино ѕвезди. Според трачот, со новиот едиторијал наречен Heaven, за кој највиновен е славниот фотограф Стивен Мејсел, Ева со своите адути кои досега не ги откриваше ќе дојде на врвот на посакувани и барани латино диви. „Ако фотографијата е уметничка, немам проблем со покажувањето на градите. Вулгарни ми се оние нападни едиторијали на кои целта им е само да се напалат мажите. Мојот е провокативен, но и префинет“, вели Ева Мендес која значително ја зголеми побарувачката за магазинот Вог.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3289