Најнова Фотка
ФРЧКО

Погледнете како бразилската полиција се справува со криминалците


Уште еден пример на полициска бруталност во Бразил. По 13-часовна заложничка драма, киднаперот конечно беше уапсен, но веднаш потоа и ликвидиран со истрел во главата.

Грабежот на банка во југозападен Бразил во вторникот се претвори во 13-часовна заложничка драма која заврши со убиство на ограбувачот.

Инцидентот започна кога ограбувачот задржа во банката четири заложници дури 13 часа. Во текот на преговорите со полицијата бараше 60 милиони американски долари и автомобил за бегство.

Доцна вечерта ограбувачот излезе надвор со еден заложник. Полицајците го разоружаа, го фрлија на земја и потоа го убија со истрел во главата.



Во текот на акцијата еден полицаец е повреден во ногата, но како што тврдат лекарите, повредата не е сериозна.



8.05.2008




Гол на неделата
Спорт
Хилдебранд изоставен од списокот
Хилдебранд изоставен од списокот
Тренерот на германската репрезентација Јоаким Лоу го изостави голманот на Валенсија од списокот на играчи кои ќе настапат на ЕП, а на негово место повикан е фудбалерот од средниот ред Марко Марин кој настапува во втората германска лига.
Роналдињо нема да игра за Бразил
Роналдињо нема да игра за Бразил
Селекторот на бразилската репрезентација Дунга повторно го изостави Роналдињо од списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациите за Светското првенство во 2010 година.
Лам сепак останува во Баерн
Лам сепак останува во Баерн
Германскиот репрезентативец, сепак ќе остане во клубот откако новиот тренер Јирген Клинсман успеал да го наговори да го продолжи договорот до 2012 година.
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Челниците на шпанскиот клуб се согласија да го пуштат легендарниот голман да си побара нов клуб.
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Бразилскиот двоец кој долги години успешно ги бранеше боите на Милан, одлучи да го напушти клубот и да се врати во Бразил.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.

Анкета
Резултати сега!