Италијанците ќе уживаат барем во дел од новата влада на Берлускони. Мара Карфања, со уметничко име Мара Ла Бела ќе биде новата министерка која ќе се грижи за еднаквост на половите.
Министерската функција на убавата
Мара е храбар потег на
Силвио Берлускони, затоа што 32-годишната госпоѓица веќе еднаш сериозно го разниша неговиот брак.

Тој дури и јавно призна дека мечтае да се венча со неа, па поради ваквата непромислена изјава мораше јавно да и се извини на својата сопруга
Вероника Ларио.

Г-ца Карфања му падна првпат в очи на премиерот во 1997 кога се пласираше на шестото место во изборот за Мис Италија. Тоа го искористи како отскокна штица па наредните шест години ги помина работејќи како хостеса во едно ТВ шоу.

Иако во емисијата се појавуваше полугола и се разголуваше во многу магазини, Мара, инаку дипломирана правничка, тврди дека ги негува традиционалните семејни вредност.

Мара Ла Бела стана една од четирите министерки на новата влада на Берлускони која брои 22 члена. Ќе се залага за што повеќе жени на италијанската политичка сцена.
8.05.2008