Документ за продлабочување на билатералната соработка меѓу Соединетите американски држави (САД) и Македонија потпишан е синоќа во Вашингтон.
Декларацијата за стратешко партнерство и соработка ја потпишаа американската државна секретарка
Кондолиза Рајс и шефот на македонската дипломатија
Антонио Милошоски.
Документот предвидува интензивирање на односите и соработката во областа на безбедноста, како и во економските и општествените односи.
Потпишување на Декларацијата беше најавено на Самитот на НАТО во Букурешт, пред околу еден месец, откако поради вето на Грција Македонија не беше примена во Алијансата.
Двете страни нагласуваат дека договорот не е замена за членството на Македонија во НАТО.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax. 8.05.2008