Најнова Фотка
ФРЧКО

Експертот Фрчкоски приведен поради тепачка


Љубомир Фрчкоски со „правни мерки“ - тупаници се обидел да го расчисти недоразбирањето помеѓу неговата сопруга и 24-годишна девојка која останала заглавена 40 минути во возилото кое било блокирано токму од автомобилот на Фрчкоски.

Сезнајниот експерт и професор на правниот факултет Љубомир Фрчкоски, наместо да ја смири тепачката меѓу неговата сопруга Ирена и друга жена и тој се приклучил во тепањето.

Со тупаници се обидел да го расчисти недоразбирањето помеѓу неговата понежна половина и 24-годишната Катерина Вељановска, кои започнале тепачка поради паркинг простор. Исто така со тупаница го удрил Александар Блажевски, сопруг на Вељановска, а неа ја влечел за коса, пренесува телевизијата А1.

Настанот се одиграл околу 20 часот во близина на Сојузот на синдикати на Македонија. Таму живее мајката на Ирена Фрчкоска. Непознатиот брачен пар, чиј автомобил бил блокиран од автомобилот на младата адвокатка и сопруга на професорот, според очевидци, чекале 40 минути за да излезат од паркинг просторот.

Инцидентот настанал кога двете жени ја започнале кавгата во која влетал и Фрчкоски. Биле повикани во полициската станица „Беко“.

Откако бил приведен, професорот Фрчкоски ја напуштил полициската станица без да го потпише записникот за настанатиот инцидент, јавува А1.

Според првичните информации од полицијата и Ирена Фрчкоска и Катерина Вељановска ќе заработат по две прекршочни пријави, за нарушување на јавниот ред и мир и за тепачка.

Неофицијално, Љубомир Фрчкоски ќе одговара за физички напад.


8.05.2008




Гол на неделата
Спорт
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.

Анкета
Резултати сега!