Најнова Фотка
ФРЧКО

Секс рекорди!


Дали знаете дека најголемиот пенис бил долг 34 и имал опсег од 16 см, а најмалиот имал само еден сантиметар. Една девојка успеа да задоволи дури 620 мажи за 24 часа, најголемиот машки успех е 52 жени во еден ден. Прочитајте уште многу други!

Најмногу потомци:
Мароканскиот крал Мулеј Исмаил Ибн Шариф го поставил овој рекорд во 17 век. Мулеј во својот харем имал 500 жени, со кои имал 1042 деца. Несомнено дека бил многу зафатен човек. Освен тоа бил втор владетел од династијата Алулита кои владееле со Мароко. Покрај љубовниот живот, познат е и по тоа што изборил независност за неговата татковина.


Од жените, рекордот го држи Русинка од селото Шуја, источно од Москва. Во 27 породувања, колку што ги имала од 1725 до 1765 година родила 69 деца и тоа 16 близнаци, 7 тројки и 4 четворки.


Најголем и најмал пенис
Мерењето на должината на пенисот често е многу непрецизно, па затоа треба да се земе предвид сигурноста на објавените рекорди. Засега рекордот го држи пенисот кој го измерил д-р Роберт Дикенсон на почетокот на 20 век, а кој бил долг 34 сантиметри и имал опсег од 16см. Најмалиот пенис бил долг само 1 сантиметар.

Но, постои неколку медицински оправдувања за овој проблем. Едно од таквите е микропенис, т.е. пореметување каде поголемиот дел од пенисот се наоѓа во телото на мажот и само незначителна должина излегува од телото. Освен оваа состојба, постои и пореметување кое се нарекува конгенитална хипоплазија каде главата од пенисот расте директно од пубичната коска и пенисот воопшто нема труп.

Жената со најголема вагина е Ана Сван од Канада. Таа живеела во 19 век и имала џиновски раст (227см). Со својот сопруг Мартин ван Бурен од Шкотска, кој исто така бил со џиновски раст (241см) имала бебе кое кога се родило имало опсег на главата од 48см. Останатото пресметајте го сами!


Во животинското царство, скромниот морски полжав има најголем пенис во однос на должината на телото. Имено, пенисот на полжавот е 42 пати подолг од должината на телото. Но, апсолутни рекордери се китовите, кои имаат пенис долг три метри. На второ место се нилските коњи и слоновите.


Рекордер во ејакулација во далечина
Најголема далечина на која некој човек успеал да исфрли сперма е шест метри, а тоа му пошло од ку* на Хорст Шулц. Кај жените, најголема оддалеченост на исфрлен ејакулат е три метри. Најмногу ејакулации во еден час што ги има постигнато еден човек се 16.

Што се однесува на другите рекорди поврзани со сперма, најбизарниот го постигна Мичел Монахан од Лос Анџелес. Таа во јули 1991 успеа да проголта скоро литар сперма по што мораше да замине на прочистување на желудникот.


Најголема оргија
Рекордот го поставија Јапонци кои во целосно организирана оргија успеаја да „соединат“ 250 парови и со тоа влегоа во историјата. Оргијата беше снимена, а видеото може да се најде и на интернет.


Број на партнери
Порно ѕвездата Џон Доу го постави рекордот во број на односи со жени во еден ден. Почетната идеја било да има секс со 101 жена, но успеал да „задоволи“ само 52 во 24 часа. Останатите ги задоволил отпосле. Женскиот рекорд е далеку поголем и изнесува дури 620 мажи. И овој настан беше снимен, а хероината се вика Хјустон.


Најмлади родители
Шон Стерд од Англија имал само 12 години кога станал татко, но се верува дека на светот има и помлади од него кои не се познати на официјалната статистика. Најмладата мајка која некогаш родила дете имала само 5 години. Лина Медина од Перу родена во 1933 година и добила менструација на 3 години. Никогаш не е откриен кој е таткото на бебето. Нејзиниот татко бил уапсен и затворен поради обвинение за сексуално злоставување и инцест, но подоцна бил пуштен поради недостаток на докази.

Најмногу кастрирања
Во 1300 година пред нашата ера, египетскиот крал Менефта по победоносната битка против Либијците наредил на сите заробени војници да им ги исечат половите органи. Отстранети биле 13 000 пениси.

8.05.2008




Гол на неделата
Спорт
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.

Анкета
За кого ќе гласате на претстојните избори:

Не гласам за никого
15%
Се уште не знам
4%
Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ
55%
Коалицијата предводена од СДСМ
20%
ДПА
2%
ДУИ
3%
ПДП
1%
Други
2%
Вкупно гласови: 1971
Резултати сега!