Еден арапски дневен весник ги објави затворските записи на Садам Хусеин, а нивната автентичност беше потврдена и од експерти.
Извадоците кои ги објавил весникот прикажувале човек кој никогаш не престанал себе си да се гледа како голема историска личност. Весникот, исто така, тврдел дека ги поседува сите рачно напишани мемоари на Садам, кои се протегале во пет големи делови.
Некои извадоци биле потпишани со „
Садам Хусеин, претседател и врховен водач на вооружените сили“.
Стилот, со кој Хусеин пишувал, открива дека своите записи им ги наменил на жителите на Ирак, бидејќи постојано ги повикувал за време на неговото судење „да се обединат во отпорот против американската војска“.
Хусеин се користел и со цитати од Куранот и истакнал дека според него, Иранците се поголема опасност за Ирак и целиот арапски залив од Израелците.
Сепак, Садам во заробеништво ја покажал и својата сентиментална страна. Имено, биле пронајдени песни посветени на мистериозна жена со кои, според нивната вредност, не би се засрамил ниту еден адолесцент.
Хусеин во неколку наврати пишувал и за својата здравствена состојба и стравот од зараза со ХИВ.
Имено, бил уверен дека ќе се зарази со сида ако неговите алишта се сушат покрај оние на американските чувари во затворот. Интересно е тоа што со ниту еден збор во своите последни денови Садам Хусеин не покажал каење или жалење за своите злосторства.
[1]