Британките за само неколку дена го разграбаа новиот крем, од кој како што тврдат производителите, растат градите.
Новиот крем за зголемување на женските гради се вика Boob Job, а на пазарот го пласираше
Мариа Хаџистефанис, сопственичка на козметичката линија Родиал за нега на кожата.
Производот прво се појави на полиците на една специјализирана продавница за козметика. Управата била изненадена од исклучително добрата продажба на кремот, па по неколку дена порачале и нова пратка.
Револуционерниот козметички производ видливо ја зацврстува кожата и го зголемува волуменот на градите.
Британките се и тоа како воодушевени од кремот. Тие се длабоко уверени дека со помош на овој козметички препарат кој чини 125 фунти ќе имаат поголеми и побујни гради без воопшто да се подложуваат на хируршки интервенции.
Повеќе:
Boob Job
6.05.2008