Златната рипка Комет стана славна како најинтелигентна риба на светот. Знае да игра фудбал, кошарка и да танцува. Навистина, погледнете!
Нејзиниот сопственик д-р Дин Померло (41) го увежбувал двегодишното рипче со помош на посебна техника – таканаречената позитивна принуда. Тврди дека тоа може секој да го направи.
„Има многу докази дека рибите се значително поинтелигентни отколку што мислат луѓето. Со соодветен прибор и храна како награда, рибите можат да научат многу сложени трикови“, истакнува Померло.
Позитивна принуда е вид на тренинг во кој храната се користи како награда за успешно завршување на задачата.
„Ако сакате животното да го притисне копчето, на почетокот ќе го наградувате кога ќе се сврти кон копчето. Потоа ќе го наградите вртењето и приближувањето на копчето. По неколку повторувања, животното ќе ја научи целата игра за да ја добие наградата“, вели тој.
Доктор Померло е светски рекордер по бројот на трикови што го научил своето рипче Алберт Ајнштајн, старо три години. Тој очекува дека Комет наскоро ќе го претекне стариот рекордер.
Во соработка со компанијата R2 Solutions конструираше посебен прибор за тренирање рипчиња, кој помеѓу другото, вклучува и голови, стапчиња за слалом, тунели, како и ДВД со инструкции и прирачник.