Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

256-годишен Кинез со 23 жени и 180 потомци


Магазинот Тајм од 1933 година тврди дека постоел Кинез кој живеел неверојатни 256 години. Според други извори, Кинезот не бил толку стар – имал само 197 годинчиња. Во контото запишал 23 жени и над 180 потомци. Машала!

Французинката стара 122 години, за која се сметаше дека е најдолговечниот човек, би можела да падне во сенка на Кинезот за кој постојат индикации дека живеел 256 години. Барем така тврди магазинот Тајм од 1933 година.

Ли Чинг-Јун според статиите на Time и New York Times од 1933 година, позади себе оставил 23 жени и починал опкружен со 180 потомци.

Чувај го срцето мирно, седи како желка, движи се како гулаб и спиј како куче, бил советот на кинескиот метузалем кој живеел преку 200 години. Ли сметал дека внатрешниот мир е главниот клуч за долговечност, а прехраната главно му се состоела од ориз и вино.

Не се знае премногу за неговиот живот. Се знае дека се родил во покраината Сечуан, каде и починал, а се занимавал со собирање и продажба на разни билки и имал нокти долги 15 сантиметри. Велат дека изгледал многу младолико, што многу луѓе ги натерало да се посомневаат во податокот за неговите години.

Ли тврдел дека се родил во 1736 година, но професорот и деканот на Универзитетот Минкуо, Ву Чунг-Чием во 1930 година пресметал дека се родил многу порано – во 1677 година.

Постојат и документи за тоа дека кинеската империјална влада му честитала 150-ти и 200-ти роденден. Но 197 или 256 години, сеедно, секако е неверојатно, бидејќи Ли очигледно бил вистински хајлендер и заводник.

Купувајте ориз и делкајте пиво – жените сами ќе си дојдат!

Повеќе:
Ли Чинг-Јун во магазинот Тајм од 1933

Статијата од Њујорк Тајмс

Ли Чинг-Јун - Википедија
5.05.2008




ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!