Советот на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест - охридски трубадури“, кој ќе се одржи од 21 до 24 август во Охрид, одлучи песната „Игри без граници“ во изведба на Тоше Проески да ја прогласи за „Хит на Балканот за 2007 година“.
Авторот на песната Мирослав Рус ќе дојде на фестивалот за да ја прими наградата, а со него ќе допатува и еден од најпознатите аранжери во поранешна Југославија - Мато Дошен. Дошен ќе добие признание за придонес во развојот на музиката на Балканот.
Тоше Проески - Игри без граници