Најнова Фотка
ФРЧКО

Добрите страни на сексот


Поискусните и поинформирани веќе знаат кои благодети ги носи сексот ако се практицира два пати неделно, а за оние кои одвај чекаат да дознаат за што се` сексот е полезен, еве што велат, кои ако не – научниците!

Секој пат кога водите љубов се ослободува серотонин – хормонот на задоволство, што воедно го подобрува и менталното здравје, а исто така се стимулира и лачењето на ендорфинот кој предизвикува чувство на пријатност и смиреност.

Сексот ги топи калориите. Во половина час акција в кревет, може да бидат согорени околу 200 калории.


Водењето љубов е неверојатен лек против стрес и лошо расположение. По оргазмот телото ослободува хормон кој делува како природен лек против тегоби, а тогаш и сите мускули се опуштаат.

Едно истражување покажа дека сексот го намалува ризикот од рак на простатата. Што почесто мажите ејакулираат, толку повеќе се исфрла карциноген од простатата.

Со редовен секс се засилува крвотокот на целиот организам. Кога ќе се возбудиме се зголемува протокот на крвта во мозокот.

Сексот за 50% го намалува ризикот на смрт од срцев удар. Во текот на сексуалните активности се зголемува нивото на тестостерон, а овој хормон помага во заштита на срцето од стрес и штити против остеопороза.




3.05.2008




Гол на неделата
Спорт
Хилдебранд изоставен од списокот
Хилдебранд изоставен од списокот
Тренерот на германската репрезентација Јоаким Лоу го изостави голманот на Валенсија од списокот на играчи кои ќе настапат на ЕП, а на негово место повикан е фудбалерот од средниот ред Марко Марин кој настапува во втората германска лига.
Роналдињо нема да игра за Бразил
Роналдињо нема да игра за Бразил
Селекторот на бразилската репрезентација Дунга повторно го изостави Роналдињо од списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациите за Светското првенство во 2010 година.
Лам сепак останува во Баерн
Лам сепак останува во Баерн
Германскиот репрезентативец, сепак ќе остане во клубот откако новиот тренер Јирген Клинсман успеал да го наговори да го продолжи договорот до 2012 година.
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Валенсија го раскина договорот со Канизарес
Челниците на шпанскиот клуб се согласија да го пуштат легендарниот голман да си побара нов клуб.
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Бразилскиот двоец кој долги години успешно ги бранеше боите на Милан, одлучи да го напушти клубот и да се врати во Бразил.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.

Анкета
Резултати сега!