logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Момците се плашат од поискусни жени

Од чист страв да не испаднат лоши в кревет, момците бегаат од „дамите со искуство“. Но, тоа од што се плашат тие, и тоа како ги привлекува мажите со повеќе „натпревари“, кои всушност и бараат такви жени. Резултатите од истражувањето направено на Универзитетот Индијана покажаа дека момчињата се плашат од повозрасни, сексуално искусни жени, бидејќи се плашат дека нема да ги исполнат нивните очекувања, додека постарите мажи преферираат секс со искусна партнерка. Научниците дојдоа до овие податоци по истражувањето направено на 50 мажи поделени по возрасни граници од 18 до 24, од 25 до 45 и 45+, па се покажало дека младите момци од страв да не ’потфрлат’ одбегнуваат секс со поискусни дами. Повозрасните мажи пак, со текот на годините се повеќе бараат поискусни партнерки и ги сметаат таквите дека се далеку попривлечни. Научниците дојдоа и до некои други интересни откритија, па така, оваа студија потврди дека ерекцијата не е најдобар начин за да се утврди сексуално возбудување кај мажите, бидејќи многу мажи имале ерекција иако не биле посебно возбудени, а и обратно.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3131