Кинескиот уметник Ли Веи со својот бестрашен уметнички пристап го привлече вниманието на светската јавност. Нема фотомонтажи, вели уметникот, се работи само за добра изведба и оригинална идеја.... И познавање на акробатски вештини, се разбира.
Изведувачот Ли Веи од Пекинг, го привлече вниманието на медиумите со неговата серија изведби Mirroring, а и неговиот проект Falls не е ништо помалку славен.
Неговата работа е мешавина од уметност на изведување и фотографирање со се креира илузија на екстремно опасна ситуација. Ли Веи тврди дека овие слики не се фотомонтажи, туку се направени со помош на огледала, метални жици, скелиња и акробации.