logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Отстранета контроверзната реклама со Хитлер

Мексиканскиот сојузен изборен институт им нареди на телевизиските станици да прекинат со емитување на контроверзната реклама во која водачот на левицата е спореден со најозлогласените диктатори, како Хитлер и Пиноче. Погледнете ја! ТВ рекламата, финансирана од мексикански бизнисмен бесен заради блокадата на Конгресот во кој опозиционерските пратеници се обидуваат да ја спречат реформата во нафтениот сектор, порачува дека со ваквите блокади водачот на опозицијата Андрес Мануел Лопез Обрадор ја загрозува демократијата. Левичарите на 10 април ја зазедоа говорницата во Конгресот за да спречат изгласување на владиниот предлог за поголеми поволности на приватниот удел во нафтениот сектор кој од 1938 година се наоѓа под контрола на државата. Оваа акција предизвика парализирање на работата на Конгресот. „Кој го затвори парламентот? Во 1933 тоа беше Адолф Хитлер во Германија, 1939 Бенито Мусолини во Италија, а во 1973 Аугусто Пиноче во Чиле“, стои во спорната реклама која ги поврза овие историски настани со последниот случај во мексиканскиот Конгрес.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3129