Најнова Фотка
ФРЧКО

Видео: Отстранета контроверзната реклама со Хитлер


Мексиканскиот сојузен изборен институт им нареди на телевизиските станици да прекинат со емитување на контроверзната реклама во која водачот на левицата е спореден со најозлогласените диктатори, како Хитлер и Пиноче. Погледнете ја!

ТВ рекламата, финансирана од мексикански бизнисмен бесен заради блокадата на Конгресот во кој опозиционерските пратеници се обидуваат да ја спречат реформата во нафтениот сектор, порачува дека со ваквите блокади водачот на опозицијата Андрес Мануел Лопез Обрадор ја загрозува демократијата.

Левичарите на 10 април ја зазедоа говорницата во Конгресот за да спречат изгласување на владиниот предлог за поголеми поволности на приватниот удел во нафтениот сектор кој од 1938 година се наоѓа под контрола на државата. Оваа акција предизвика парализирање на работата на Конгресот.

„Кој го затвори парламентот? Во 1933 тоа беше Адолф Хитлер во Германија, 1939 Бенито Мусолини во Италија, а во 1973 Аугусто Пиноче во Чиле“, стои во спорната реклама која ги поврза овие историски настани со последниот случај во мексиканскиот Конгрес.




22.04.2008




Гол на неделата
Спорт
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.

Анкета
Резултати сега!