Познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг повторно размислува за вечното прашање „Дали сме сами во вселената?“. Одговорот веројатно е не, смета тој.
Доколку во универзумот постои живот,
Хокинг се прашува зошто не сме фатиле некои вонземјански сигнали, нешто како „вонземјански квизови?“ Хокинг ова го изнесе во склоп на предавањата одржани синоќа на универзитетот Џорџ Вашингтон по повод 50-годишнината од НАСА, теоретизирајќи го прашањето дали постои друг живот во универзумот.
Една можност е дека не постои живот на некое друго место. Или можеби постои интелигентен живот, но кога ќе стане доволно паметен да испраќа сигнали во вселената, доволно е паметен да развие и нуклеарно оружје.
Хокинг се одлучи за трета опција. „Примитивниот живот е многу почест, додека интелигентниот е прилично редок. Некои велат дека токму сега треба да се појават на Земјата. Па, треба ли да се грижите заради вонземјаните? Тврдењата за киднапирањето од вонземјани ги кажуваат „фрикови“ и тие не се веројатни.“
Сепак, со оглед на тоа што вонземјанскиот живот можеби нема ДНК како нашата, Хокинг предупредува: „Внимавајте ако се сретнете со вонземјанин. Може да се заразите од болест на која не сте отпорни“.
66-годишниот научник кој боледува од тешка неуродегенеративна болест, поради која што е парализиран и комуницира преку компјутер, верува дека „ако човечката раса опстане уште милион години, ќе мора смело да оди таму каде што се уште никој не бил“, како што велат во Ѕвездени патеки.
Тој ги спореди луѓето кои се против трошењето пари на истражување на универзумот со оние кои се противеле на патувањата на Кристофер Колумбо во 1942 година.
„Откритието на Новиот свет значеше голема промена за Стариот свет. Замислете само да немавме Биг Мек или Кентаки Фрид Чикен“, се пошегува Хокинг.