Најнова Фотка
ФРЧКО

Внимавајте од вонземјанска болест


Познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг повторно размислува за вечното прашање „Дали сме сами во вселената?“. Одговорот веројатно е не, смета тој.

Доколку во универзумот постои живот, Хокинг се прашува зошто не сме фатиле некои вонземјански сигнали, нешто како „вонземјански квизови?“ Хокинг ова го изнесе во склоп на предавањата одржани синоќа на универзитетот Џорџ Вашингтон по повод 50-годишнината од НАСА, теоретизирајќи го прашањето дали постои друг живот во универзумот.

Една можност е дека не постои живот на некое друго место. Или можеби постои интелигентен живот, но кога ќе стане доволно паметен да испраќа сигнали во вселената, доволно е паметен да развие и нуклеарно оружје.

Хокинг се одлучи за трета опција. „Примитивниот живот е многу почест, додека интелигентниот е прилично редок. Некои велат дека токму сега треба да се појават на Земјата. Па, треба ли да се грижите заради вонземјаните? Тврдењата за киднапирањето од вонземјани ги кажуваат „фрикови“ и тие не се веројатни.“

Сепак, со оглед на тоа што вонземјанскиот живот можеби нема ДНК како нашата, Хокинг предупредува: „Внимавајте ако се сретнете со вонземјанин. Може да се заразите од болест на која не сте отпорни“.

66-годишниот научник кој боледува од тешка неуродегенеративна болест, поради која што е парализиран и комуницира преку компјутер, верува дека „ако човечката раса опстане уште милион години, ќе мора смело да оди таму каде што се уште никој не бил“, како што велат во Ѕвездени патеки.

Тој ги спореди луѓето кои се против трошењето пари на истражување на универзумот со оние кои се противеле на патувањата на Кристофер Колумбо во 1942 година.

„Откритието на Новиот свет значеше голема промена за Стариот свет. Замислете само да немавме Биг Мек или Кентаки Фрид Чикен“, се пошегува Хокинг.


22.04.2008



Гол на неделата
Спорт
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Кафу и Сержињо заминуваат од Милан
Бразилскиот двоец кој долги години успешно ги бранеше боите на Милан, одлучи да го напушти клубот и да се врати во Бразил.
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.

Анкета
Резултати сега!