Со натпреварот за дизајн на мобилен телефон во кој обичните смртници имаат можност да покажат што знаат, LG не измисли топла вода, но е последен во низата производители кој се реши на ваков чекор и ви нуди можност да освоите неверојатни 10.000 долари!
Електронскиот џин, компанијата ЕлЏи, стартуваше со натпревар наречен 'Innovation Challenge', чија цел е да одбере најдобар дизајн за еден од следните модели на мобилен телефон од оваа компанија. Учесници на натпреварување треба да го обмислат „телефонот на своите сништа“, а три од одбраните решенија ќе бидат наградени со богати награди.
Пријавувањето на решенијата ќе трае до 30 април, а победниците ќе бидат објавени на 31 мај. Сопственикот на најдоброто решене ќе биде награден од LG со 10.000 долари кеш. ЛЦД телевизор од 52 инчи, HD-DVD/Blu-ray уред и најнов мобилен од LG.
И за крај лошите вести. Во натпреварувањето може да учествуваат исклучиво жители на САД. Сепак, ако сметате дека ја поседувате добитната комбинација, барајте некој роднина кој живее таму, или познаник кој може под негово име да го пријави вашиот иден концепт за најновиот мобилен телефон на LG.
повеќе:
http://lginnovation.com
18.04.2008