Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Праслоновите живееле во вода


Анализите на фосилните остатоци покажаа дека предокот на денешниот слон, кој живеел пред 37 милиони години, живеел во вода слично како нилскиот коњ денес, а праслонот со изгледот потсетувал на денешниот тапир.

Научниците од Универзитетот Оксфорд во Англија и Универзитетот Стоуни Брук го анализираа хемискиот состав зачуван на забите од фосилите откриени во северен Египет. Анализата покажа дека животните се хранеле со билки од реките или мочуриштата.

Истражувањето, чии резултати се објавени во стручното списание Proceedingѕ of the National Academy of Science, би можело да фрли ново светло во начинот на живот на предците на денешните слонови.

„Отсекогаш се веруваше дека слоновите се развиле од некој вид на свои копнени предци и дека отсекогаш живееле на начинот на кој живеат и денес“, вели д-р Ерик Сејферт, еден од учесниците во истражувањето.

„Но, по ова конкретно откритие можеме да тврдиме дека во далечното минато, праслоновите живееле целосно различен начин на живот од денешниот, а тоа може да ни помогне да научиме повеќе за нивната анатомија и околината во која живееле“.

ДНК анализата на забите покажа дека слоновите се далечни роднини на ламантините (морски крави) и мороните (индиски морски крави), како и на други цицачи меѓу кои и предокот на денешниот зајак.

Фосилните остатоци во забите на праслоновите докажаа дека овие слонови живееле пред 37 милиони години на подрачјето на Египет, каде во тоа време денешните пустини биле прекриени со мочуришта и суптропски шуми.

„Изотопскиот состав зачуван на нивните заби е многу сличен на оној кој го пронаоѓаме кај водните цицачи“, вели д-р Сејферт, додавајќи дека тоа само „ја поткрепува хипотезата според која праслоновите поголемиот дел од животот го поминувале во вода, а помалку на копно“.

17.04.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!