
Поп-пејачот Роберт Вукелиќ сними нова песна која им ја посветува на сите негови фанови.
„Еден убав ден“ е наслов на песната, која беше реализирана непосредно по новогодишните празници во студиото на композиторот Ристо Апостолов („Водолија“), на текст на новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго.
„Еден убав ден“ е песна за љубовта, и истата е подарок од Роберт за сите негови фанови, по повод денот Свети Валентин, кој во многу делови на светот се прославува како празник на љубовта.
Роберт моментално е во Келн, Германија, каде живее со својата избраничка Даниела. Наскоро ќе дојде во Скопје со цел да објави и видео издание за оваа песна, со снимки направени во Германија и во Македонија.
13.02.2012






















Порастот на неонацизмот во Германија повторно пред очите на јавноста го донесе германското село Јамел кое е познато како село чие мнозинско население е составено од екстремни десничари и неонацисти.






