logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

3Д телевизор во продажба во Јапонија

Ако живеете во Јапонија, имате 3500 евра вишок и на вашиот живот му недостасува уште една димензија, продлабочете ја вашата перспектива со новиот 3Д телевизор од Хјундаи. Хјундаи е првиот производител на телевизори кој ги користи можностите на експерименталното 3Д емитување од јапонската компанија BS11 Digital.
Не се очекува голема популарност на овој уред, па затоа се продава само во 23 продажни места на јапонскиот синџир Bic Camera. Неговата намена пред се, е да го испита пулсот кај јапонските потрошувачи за ваквиот тип телевизори. Телевизорот е со големина од 46 инчи, резолуција 1920 x 1080, вообичаени дигитални и аналогни тјунери и два HDMI влеза. За гледање на програмата се потребни специјални очила, а со уредот доаѓаат два пара. Дополнителни очила може да се купат за околу 20 евра. Повеќе: (ако знаете јапонски) www.biccamera.com [1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3038