(Фото: Дневник)
Славе од Грнчарица е најстар жител на Балканот и еден од најстарите во Европа, потврдуваат антрополошките аналаизи. Живеел во Македонија во периодот на Мезолит.
Временска рамка која ја опфаќа ерата од 10 илјади до осум илјади години п.н.е. тврди раководителот на археолошкиот тим од штипскиот музеј, м-р
Трајче Нацев. Со ова значително се поместува временската граница кога на овие простори живеела организирана човечка заедница.
Презентирајки ги резултатите од антрополошката анализа на човечките коски, археолозите очекуваат потврда и од странска лабораторија.
Антрополошките анализи на коските на
Славе покажуваат дека се работи за маж на возраст од 45-50г. со траги на артритис, анемија, со многу малку знаци на расипани заби кои според анализата покажуваат дека македонскиот прачовек вилицата ја употребувал како своевидна трета рака, или помошно орудие.
Локацијата на најстарата човечка населба во земјава, ке биде поштедена од механизацијата на хидросистемот Злетовица. Цевководот ќе се дислоцира. Неодамна, на локалитетот Грнчарица кај штипското село Крупиште ги открија моштите на најстариот жител не само на Балканот и Европа воопшто.

11.04.2008