Најнова Фотка
ФРЧКО

Паметните жени преферираат брак


Новите истражувања покажаа дека високообразованите жени, за разлика од врежаното мислење, почесто стапуваат во брак од послабо образованите. Причината? Хмммм....

Истражување на австралиските научници покажало дека високообразованите жени почесто се мажат од жените со пониско образование.

Врз основа на анализата на податоци од 2006 година, експертите од Универзитетот Монаш, заклучиле дека врежаните ставови за самостојните образувани жени „веќе не држат вода“.

„Се случува нешто ново, особено меѓу жените“, изјави Женев Хард од Центарот за популација и урбани истражувања.

„Долго време се веруваше дека образованите жени се помалку традиционални и финансиски независни, па затоа помалку сакаат или имаат потреба од брак. Овие претпоставки порано ги потврдуваа и статистичките податоци. Меѓутоа, според податоци од 2006 година, овој пример се промени“, изјави Хард за Australian Broadcasting Corporation.

Според статистичките податоци, во 1996 година во Австралија, во брак биле 64 отсто од жените со високо образование. Истовремено, 65 посто од понеобразуваните жени се решиле на брак. Резултатите од 2006 година, пак, покажуваат дека на тоа поле дошло до значајни промени, така што тој однос изнесува 61 спрема 53 отсто во корист на високообразованите.

„Се` повеќе Австралијци со поголем финансиски потенцијал стапуваат во брак“, објасни Хард во својот извештај. Истражувањето исто така потврди дека процентот на бракови паѓа.

10.04.2008




Гол на неделата
Спорт
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Фердинанд уште пет години во Јунајтед
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Нова кошаркарска регионална лига на Балканот
Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Милан го пушта Гуркуф на позајмица
Фудбалерот од средниот ред ќе оди во друг клуб како позајмен фудбалер и со тоа ќе се обиде да си ја врати старата форма.
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Стоп за трансферите на малолетни фудбалери
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Видео: Ауф фидерзен Оливер Кан
Откако во 2006 година се прости од репрезентацијата, Оливер Кан в сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Баерн Минхен.

Анкета
Резултати сега!