Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Библијата се уште најчитана


Иако од нејзиното прво испечатено издание поминаа повеќе од 500 години, христијанската света книга е омилено четиво на Американците и тоа без никаква конкуренција.

Што читаат жителите на САД? Одговорот е секогаш ист – Библија. Според најновата анкета, се уште нема конкурент кој што би ја симнал од првото место на листата најомилени книги на Американците.

И додека светата книга е неприкосновена на првото место меѓу сите демографски групи, во борбата за второ место е доста неизвесно. Така, анкетираните мажи се изјаснија дека по Библијата, омилени им се серијата книги „Господар на прстените“ од Толкин, додека на Американките втора омилена книга им е „Однесено со виорот“ од Маргарет Мичел.

Кај испитаниците од 18 до 31 година дефинитивно по Библијата доаѓа серијалот книги „Хари Потер“, додека оние на возраст од 32 до 43 години уживаат во делата на Стивен Кинг и Ден Браун.

Изборот на втората омилена книга варира од географската положба. Така Однесено со виорот е омилена на југот и средниот запад, додека Господарот на прстените доминира во источните делови на САД.


10.04.2008



ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!