Кога во дивите предели група хаски ќе налета на поларни мечки, веројатно би дошло до крвопролевање. Но, природата понекогаш знае да ја покаже и својата понежна страна. Фасцинантно!
Фотографирајќи ги за National Geographic снежните предели на Хадсон Беј во Канада, Норберт Росинг беше сведок на несекојдневна средба.
Неговите впрегнати хаски налетаа на група поларни мечки и тоа што за момент можеше да биде смртна опасност, се претвори во заиграно дружење како од детските филмови.