logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Летен Универзитет - Aплицирајте

Што е тоа Летен Универзитет? Летните Универзитети претставуваат двонеделен проект организиран од стана на AEGEE антена, каде од 20 до 50 студенти од Европа се собираат заедно на едно место. Летните Универзитети се организирани од студенти за студенти. Активностите во Летните Универзитети вклучуваат: академски активности како учество во предавања и работилници, учење на странски јазик, различни курсеви со посебна тематика ставајќи акцент на мултикултурната соработка како на пример: “Да се запознаеме со Финската култура”,“Шпанската историја” или “Грчката митологија” Најразлични активности како запознавање со филмот, танцувањето, готвењето, музиката, еколошки акции, помош на стари лица. Летните Универзитети се случуваат во Европа и притоа соединуваат околу 3000 студенти, од 42 Европски земји, од Шпанија до Азербејџан, од Финска до Малта. Оваа година има 89 Летни Универзитети!!! Целта? Лтните универзитети имаат цел да отворат нова перспектива за учесниците за мултикултурната димензија за Европскиот континент, промоцијата на меѓусебното разбирање меѓу студентите, поместување на националните граници и создавање на едиствено Европско чувство. Програмата? Програмата претставува клучот за успехот поради тоа што Летните Универзитети привлекуваат многу луѓе. Таа вклучува работилници и предавања, од најразлични области како: историја, литература, култура, филмови, уметност итн. Исто така програмата нуди и можност да се запознаете со традиционалната храна и пијалоци на една земја, да уживате во Европската Вечер, но и задолжителниот АЕГЕЕ час каде ќе се запознаете со другите култури , а можеби и ќе се откриете себе си! Активни дебати, музика и младешки дух традиционално се дел од програмата на летните универзитети. Како да се аплицира? Аплицирањето е можно само доколку станете член на АЕГЕЕ Скопје, ќе имате сопствен број за идентификација кој е неопходен за да ја пополните on line апликацијата. Потребно е да се напише мотивационо писмо за секој од трите избрани Летни Универзитети. Кој може да аплицира? Секој СТУДЕНТ може да аплицира без разлика на кој Универзитет студира! На кои места може да аплицирате? Следете го линкот [1]. За сите подетални прашања можете да го посетите нашиот веб сајт www.aegee-skopje.org.mk [2] или да дојдете во канцеларијата на АЕГЕЕ Скопје која се наоѓа на Правниот Факултет во Скопје и е отворена секој ден од 11 до 13 часот!

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/2880