Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Летен Универзитет - Aплицирајте


Што е тоа Летен Универзитет?

Летните Универзитети претставуваат двонеделен проект организиран од стана на AEGEE антена, каде од 20 до 50 студенти од Европа се собираат заедно на едно место. Летните Универзитети се организирани од студенти за студенти.

Активностите во Летните Универзитети вклучуваат:
академски активности како учество во предавања и работилници, учење на странски јазик,
различни курсеви со посебна тематика ставајќи акцент на мултикултурната соработка како на пример: “Да се запознаеме со Финската култура”,“Шпанската историја” или “Грчката митологија”
Најразлични активности како запознавање со филмот, танцувањето, готвењето, музиката, еколошки акции, помош на стари лица.

Летните Универзитети се случуваат во Европа и притоа соединуваат околу 3000 студенти, од 42 Европски земји, од Шпанија до Азербејџан, од Финска до Малта. Оваа година има 89 Летни Универзитети!!!

Целта?

Лтните универзитети имаат цел да отворат нова перспектива за учесниците за мултикултурната димензија за Европскиот континент, промоцијата на меѓусебното разбирање меѓу студентите, поместување на националните граници и создавање на едиствено Европско чувство.

Програмата?

Програмата претставува клучот за успехот поради тоа што Летните Универзитети привлекуваат многу луѓе. Таа вклучува работилници и предавања, од најразлични области како: историја, литература, култура, филмови, уметност итн. Исто така програмата нуди и можност да се запознаете со традиционалната храна и пијалоци на една земја, да уживате во Европската Вечер, но и задолжителниот АЕГЕЕ час каде ќе се запознаете со другите култури , а можеби и ќе се откриете себе си! Активни дебати, музика и младешки дух традиционално се дел од програмата на летните универзитети.

Како да се аплицира?

Аплицирањето е можно само доколку станете член на АЕГЕЕ Скопје, ќе имате сопствен број за идентификација кој е неопходен за да ја пополните on line апликацијата. Потребно е да се напише мотивационо писмо за секој од трите избрани Летни Универзитети.


Кој може да аплицира?

Секој СТУДЕНТ може да аплицира без разлика на кој Универзитет студира!


На кои места може да аплицирате?

Следете го линкот.


За сите подетални прашања можете да го посетите нашиот веб сајт www.aegee-skopje.org.mk или да дојдете во канцеларијата на АЕГЕЕ Скопје која се наоѓа на Правниот Факултет во Скопје и е отворена секој ден од 11 до 13 часот!


3.04.2008



ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!