[1]
Здружението на блогери на Македонија сака да ја искаже својата поддршка во борбата за зачувувањето на Уставното име на Република Македонија, историја и културниот идентитет на македонскиот народ.
Изминатиов период,
Здружението на блогери на Македонија [2] како и останатата блог и интернет заедница во Македонија, преку преплавување на интернет сферата со текстови, праќање на циркулирачки и-меил писма, интернет петиции и слично, ја дадовме нашата поддршка во борбата за зачувување на уставното име на Република Македонија.
Ние, како интернет заедница не сме против интегрирањето на Република Македонија во вроатланските институции – ЕУ и НАТО.
Сметаме дека нашето место е токму во Европската Унија и НАТО и за тоа говорат и сите релевантни истражувања на јавното мислење, каде поддршката на граѓаните за членувањето на Република Македонија во нив е исклучително висок.
Сепак, членствата во овие меѓународни институции не смеат да бидат по цена за менување на уставното име на Република Македонија, како и откажување на нашето историско наследство, култура и идентитет.
Република Македонија веќе направи премногу еднострани компромиси и гестови како знаци на добра волја, сè со цел да покаже своите добри намери кон нашиот јужен сосед. Прифаќањето за користење на срамната референца БЈРМ во меѓународната комуникација и институции, како и смената на знамето на државата беа преголеми еднострани отстапки кои ги направија политичките елити во минатото, без ама баш каква и да е консултација од граѓаните и нивна поддршка.
Здружението на Блогери на Македонија [3] е против било какви понатамошни компромиси околу името на нашата држава.
Името на нашата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, името на нашиот народ е МАКЕДОНСКИ НАРОД и ние имаме МАКЕДОНСКА КУЛТУРА.
Исто така, ги повикуваме сите блогери и активни корисници на интернет, насекаде и секогаш, преку глобалната мрежа, да ја шират вистината за Македонија.
zbm.blog.com.mk [4]